Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.
Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Серија А.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис поради одличните односи кои Бразилецот ги има со Кристиано Роналдо.