Алжирскиот фудбалер, Ријад Марез ова лето ќе го напушти Лестер Сити.
За неговиот трансфер се пишуваше и минатата сезона, но тој тогаш сепак одлучи да остане на „Кинг Пауер“ уште една сезона, но во изминативе 12 месеци не беше ниту блиску од успешен како порано.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, тоа очигледно не ги олади европските гиганти кои го сакаат Марез во своите редови. Англиските медиуми денеска пишуваат дека екипата на Арсенал во следниве неколку дена би можела да го официјализира трансферот на Марез во својот тим.
Наводно, Марез до сега ја чекал понудата од Барселона, но со оглед на тоа што до тоа не дојде, на крајот сепак се одлучи за Арсенал и трансферот би требало да биде готова работа во следните денови.
Потсетуваме дека освен Арсенал, за услугите на Марез беше заинтересиран и Челзи, но изгледа дека „Топчиите“ овој пат беа поуспешни.