Дома Фудбал Останато Манџукиќ ги „тепал“ соиграчите на тренинзите, Гвардиола морал да го смирува

Манџукиќ ги „тепал“ соиграчите на тренинзите, Гвардиола морал да го смирува

Tренинг со Марио Манџукиќ за поранешниот играч на Баерн, Јан Киркоф не бил баш пријатно доживување.

Киркоф важеше за голема германска надеж, Баерн го доведе во 2013 година од Мајнц и тој требаше да биде некој кој ќе ја држи последната линија, но за негова жалост кариерата не му се развиваше како што очекуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу брзо Киркоф го напушти Баерн и во меѓувреме заврши во третата лига во Германија во Уердинген. Сега Киркоф се потсети на времето поминато во германскиот шампион.

Една од првите асоцијации му е – Марио Манџукиќ.

„Тренинг натпревар против Манџукиќ значеше болка. Секогаш одеше максимално, кога и да ја исфрлев топката тој ми беше на нога. Не само на мене, на сите дефанзивци им скокогаш на грб, дури и на тренинзите не поднесуваше порази“.

„Јас сум дефанзивец и секој тренинг одеше на мене. Беше тешко да се тренира со него, добивав прилично голем ќотек“.

Се сеќава и дека Гвардиола го забележал тоа.

„Уште се сеќавам на денот кога Гвардиола дојде и му кажа: Марио, можеби би требало да префрлиш во пониска брзина, не биди така агресивен на тренинзите“, се потсети Киркоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…