Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лигата.
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а оваа сезона продолжи со одличните настапи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортинг ги одби сите понуди во летниот преоден рок бидејќи за неговата слобода бараше 100 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој е во потрага по робусен напаѓач, а наскоро треба да го ангажира Рубен Аморим за нов тренер.
Аморим со себе сака да го доведе и Ѓекереш, а „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 70 милиони евра.