Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја „краде“ најголемата желба на Милан

Манчестер Јунајтед ја „краде“ најголемата желба на Милан

Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Манчестер Јунајтед е блиску до комплетирање на трансферот на Џошуа Зиркзе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Милан од поодамна постигна договор со играчот и е спремен да ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра, па се очекуваше трансферот да се реализира.

Меѓутоа, „росонерите“ не сакаат да платат провизија од 15 милиони евра колку што бара агентот Киа Јорабчијан, па сега во целата ситуација се вклучи Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ веќе постигнале комплетен договор со агентот и во наредните денови ќе ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…