Примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.
Aнглискиот напаѓач Тами направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на „црвените ѓаволи“ е врвен напаѓач.
Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Дарин Нуњес сега Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам и спреми понуда од 80 милиони фунти.