Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се надева да го задржи Мата

Манчестер Јунајтед се надева да го задржи Мата

Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Хуан Мата, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „ЕСПН“, „црвените ѓаволи“ веќе му понудиле продолжување на соработката на 31-годишниот Шпанец и сега чекаат одговор.

Актуелниот договор на Мата истекува на 30-ти јуни и тој веќе има понуди од Шпанија и Италија, па се чека негова конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Тој се пресели на „Олд Трафорд“ во 2014 година. Со тимот Мата ја освои Лигата на Европа, ФА Купот и „Комјунити шилд“.

Оваа сезона Мата запиша 32 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 6 гола и даде 2 асистенции.

Иако се очекуваше сигурно да замине од „Олд Трафорд“ ова лето, сепак клубот одлучи да му понуди нов договор и ќе направи се да го убеди да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…