Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед.
Покрај Јунајтед сериозен интерес за Србинот покажуваат уште Њукасл, Тотенхем, Арсенал, Јувентус и Милан.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку во Серија А, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.