Изгледа дека се е готово: Манчестер Јунајтед пронајде замена за Златан Ибрахимовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесуваат британските медиуми, напаѓачот на Реал, Алваро Мората им се доверил на пријателите и им кажал дека сака да се пресели во редовите на англискиот гигант.
Се наведува дека Мората го прекинал својот меден месец оваа недела за да одржи разговори со претседателот на Реал, Флорентино Перез и ги договорил условите за трансфер во Манчестер Јунајтед.
Исто така, Реал е подготвен да ја намали цената на пазарот за Мората која првобитно изнесуваше 70 милиони фунти, а сега изнесува 60 милиони. Мората ја прифатил понудата на Жозе Мурињо откако стана јасно дека Ибра ќе го напушти „Олд Трафорд“.
На Мората јасно му е дека во Реал не може да ги дочека своите пет минути, па трансферот во Јунајтед изгледа како логична работа.