Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед откри колку чинеше отказот на Мурињо

Манчестер Јунајтед откри колку чинеше отказот на Мурињо

Откако Жозе Мурињо беше отпуштен од кормилто на Манчестер Јунајтед медиумите на Островот шпекулираа со разни бројки кои „црвените ѓаволи“ му ги дале на Португалецот на име на обештетување.

Сега клубот од „Олд Трафорд“ конечно ги објави сметките од последниот квартал и со тоа конечно беше откриена и сумата која Мурињо ја добие на име на обештетување.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Клубот објави дека потрошил 19,6 милиони фунти за отпуштањето на Жозе Мурињо, кој пред крајот на календарската година беше заменет со Оле Гунер Солсјкер.

Сметките за финансиското работење ги покажа потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, а во нив Мурињо беше заведен како „посебен трошок“.

Покрај Мурињо, отказ добија и голманот Силвино Лоуро, скаутот за противничките екипи Рикардо Формосињо, кондициските тренери Стефано Рапети и Карлос Лалин како и аналитичарот Џовани Цера.

„Во полето на посебни трошоци стои бројката од 19,6 милиони фунти, кои беа употребени како компензација за отпуштањето на поранешниот тренер и дел од неговата екипа“, појасни Вудвард.

Португалецот имаше договор до летото 2020 година, но клубот реши да ја раскине соработката бидејќи тимот не покажуваше резултати, а Мурињо придонесуваше во голема мера за нарушувањето на атмосферата во соблекувалната.

После отказот двете страни спогодбено ја договорија сумата за обештетување, па сега „Специјалниот“ е без договор и е слободен да седне на друга клупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…