Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед одлучи: Санчо е на продажба, позната и цената

Манчестер Јунајтед одлучи: Санчо е на продажба, позната и цената

Џејдон Санчо вториот дел од изминатата сезона го помина на позајмица во Борусија Дортмунд каде што играше навистина одлично, но и покрај тоа за него нема место на „Олд Трафорд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации од Островот во Јунајтед донеле конечна одлука да го продадат Санчо и ја одредиле неговата цена.

Информациите се дека англискиот фудбалер може да замине за сума од 40 милиони евра. Така „црвените ѓаволи“ би надоместиле само дел од вложените 73 милиони евра кои ги платија за тој да пристигне во 2021 година.

Ќе потсетиме, Санчо го напушти Манчестер Јунајтед откако влезе во конфликт со тренерот Ерик Тен Хаг. Засега најавите се дека Борусија сака да го задржи што е и очекувано со оглед на неговите настапи, меѓутоа прашање е дали ќе бидат спремни да платат 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…