Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед нема да го казнува Роналдо

Манчестер Јунајтед нема да го казнува Роналдо

Манчестер Јунајтед нема да го казнува Кристиано Роналдо поради инцидентот кој се случи после мечот со Евертон.

Нервозниот Роналдо после поразот одејќи кон соблекувалната удри по рака едно дете и му го скрши телефонот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потоа мајката на 14-годишното дете откри дека има аутизам и објави снимка од инцидентот, каде се гледа дека има модрица на раката.

Роналдо јавно се извини, но нема да помине лесно, бидејќи полицијата и ФА покренаа истрага против Португалецот.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Манчестер Јунајтед проценило дека нема потреба да го казнува Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …