Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на уште еден свој игра, а станува збор за Тимоти Фосу- Менса.
Актуелниот договор на 22-годишниот играч истекуваше за неколку месеци, а „црвените ѓаволи“ не сакаа да го загубат фудбалерот без обештетување, па ја искористија клаузулата во договорот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
На истиот начин веќе беа продолжени договорите за една година на Ерик Баи и Немања Матиќ.
Единствен играч чиј договор истекува, а нема опција за автоматско продолжување е 19-годишниот Анхел Гомес.
Фосу – Менса последниот меч за Манчестер Јунајтед го изигра во 2017 година, а последните две сезони ги помина на позајмица во Кристал Палас и Фулам.