Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед може да направи трансфер кој ќе биде изненадување на Островот

Манчестер Јунајтед може да направи трансфер кој ќе биде изненадување на Островот

Завршницата од преодниот рок би можела да донесе изненадувачки трансфер од страна на Манчестер Јунајтед.

Според последните информации кои ги пласираа медиумите на Островот, Јунајтед размислува за ангажман на Доминик Калверт Луин. Напаѓачот на Евертон во минатото се поврзуваше со трансфер во поголемит клубови, но подоцна забележа пад во неговата форма и остана на „Гудисон Парк“.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Сега реномираниот „Скај Спорт“ пренесува дека тој би можел да биде ново име во редовите на Јунајтед. Сепак, како што се наведува за овој трансфер да се реализира потребно е прво клубот некого да продаде.

Јунајтед во овој преоден рок веќе ги доведе Џошуа Зиркзе од Болоња и Лени Јоро од Лил, додека само официјална потврда се чека за двоецот од Баерн Минхен, Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи.

Кога ќе се комплетираат трансферите на Де Лихт и Мазрауи, Јунајтед ќе стигне до потрошени 150 милиони евра во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …