Дома Трансфер зона Манчестер јунајтед може да добие засилување од Челзи?!

Манчестер јунајтед може да добие засилување од Челзи?!

Oфанзивецот на Челси, Кристофер Нкунку ја разгледува опцијата да го напушти Челси во текот на зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот напаѓач е во втор план кај Енцо Мареска и поголема минутажа добива само во Конференциската лига која и не е толку интересна за навивачите.

Но, интересно е што Нкунку е најдобар стрелец на Челси ако се сметаат сите натпреварувања и постигна дури десет погодоци, меѓутоа повеќето од нив ги постигна во квалификациите и Конференциската лига.

Се споменува мпжност Манчестер јунајтед да го доведе, но го следи и Пари Сен Жермен со кој и претходно се поврзуваше.

Челзи за неговите услуги плати сума од 60 милиони евра и јасно е дека нема да може да го вратат вложеното. Нкунку е фудбалер кој има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…