Дербито на вечерта во Премиер лигата му припадна на Манчестер Јунајтед откако вечерва на „Олд Трафорд“ победен беше Тотенхем со 2:0.
Иако резултатот е 2:0, Јунајтед денес можеше да слави многу поубедливо со оглед на шансите. Колку доминираа „црвените ѓаволи“ од самиот почеток доволно зборува податокот дека Хуго Лорис имаше дури пет одбрани во првите 25 минути. И покрај таквата доминација во првите 45 минути не видовме погодок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само што започна вториот дел, после две минути игра Фред ја погоди мрежата на Тотенхем за водство. За нов гол во мрежата на вечерва фантастичниот Лорис се чекаше до 20-тина минути до крајот на натпреварот кога Бруно Фернандеш мајсторски се снајде и со одличен удар ја смести топката во мрежата.
На крајот тие 2:0 се покажаа и како конечен резултат. Треба да се знае избраниците на Ерик Тен Хаг во денешниот натпревар имаа дури 28 удари кон противничкиот гол. Кристијано Роналдо на овој натпревар остана на клупата и не доби минути од холандскиот стратег.