Дома Топ вести Манчестер Јунајтед доведува засилување за кое никогаш не сте слушнале

Манчестер Јунајтед доведува засилување за кое никогаш не сте слушнале

Трансфер периодот официјално се уште не започна во поголемиот дел од Европа, но повеќето од најголемите клубови најчесто веќе ги направија вистинските работи.

Манчестер Јунајтед во најавите на трансфер периодот е чест гостин во новинарските анализи, но „црвените ѓаволи“ како да го чекаат вистинскиот момент за голема работа. А во исчекување на големите засилувања, на „Олд Трафорд“ би можело да стигне изненадувачко засилување. Имено, како што јавуваат бројни медиуми утрово, на мета на Жозе Мурињо е Мартен де Рон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сигурно дека никогаш не сте слушнале ништо за него. Неговиот Мидлсброу испадна од Премиер лигата, а тој беше еден од играчите кои „настапуваа“, а не правеа разлика во корист на својот тим. Беше соледен и ништо повеќе, но Португалецот во него очигледно гледа нешто што другите не го гледаат.

Има 26 години, а во текот на кариерата ги носеше дресовите на Спарта Ротердам, Херенвен и Аталанта. Неговата цена е десет милиони фунти, а откако беше објавена веста дека за него е заинтересиран најтрофејниот англиски клуб, имаше бројни реакции од навивачите на Јунајтед, но и од другите клубови.

Во суштина, негативни. Можеше да се прочитаат коментари дека сите сакаат големи имиња кои се докажани играчи, а не вакви фудбалер. Ќе видиме, Мурињо досега знаеше да погоди, а можеби искусниот Холанѓанец е неговиот нов голем проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…