Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат младинскиот репрезентативец на Италија, а скаути на Јунајтед беа присутни и на дербито против Милан на „Сан Сиро“.
Пелегрини настапи на шест натпревари од почетокот на сезоната за Рома и оствари две асистенции.
Пелегрини има клаузула за откуп од 25 милиони евра, што нема да претставува никаков проблем за Манчестер Јунајтед.
Поради тоа „црвените ѓаволи“ сакаат што е можно побрзо да го комплетираат трансферот за да избегнат евентуално потпишување на нов договор со Рома и зголемување на откупната клаузула.