Голманот на швајцарската репрезентација, Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“, пренесува „Билд“.
Се очекува токму Зомер да биде замената за Давид де Геа, чиј договор со клубот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може како слободен агент да потпише за Манчестер Јунајтед.
Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а брани одлично и за Швајцарија на Мундијалот.
„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори за трансфер на 33-годишниот голман.
Manchester United are lining up a free transfer for Yann Sommer, according to reports 🇨🇭
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) December 6, 2022