Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед во јануари му ја исполнува најголемата желба на Мурињо

Манчестер Јунајтед во јануари му ја исполнува најголемата желба на Мурињо

Манчестер Јунајтед наводно договорил трансфер на големо засилување во јануарскиот трансфер период.

Нов член на „Црвените ѓаволи“ би можел да стане репрезентативецот на Англија, Дани Роуз, во моментов играч на Тотенхем. Медиумите на Островот тврдат дека работата е договорена. Тотенхем за услугите на левиот бек ќе заработи 50 милиони фунти, а Јунајтед конечно ќе добие добар играч на позицијата лев бек, кој долго го чекаа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Роуз во јануари би требало да стане член на тимот од Манчестер. Постои и друга опција дека поради настапот во Лигата на Шампионите работата би можела да биде одложена за следното лето, но сигурно дека одличниот бек на крајот ќе заврши на „Олд Трафорд“.

Дани Роуз во дресот на Манчестер би требало да го замени Лук Шо, кој Мурињо сака да го продаде. Мурињо има голема желба да го доведе Роуз. Сакаше да го доведе уште додека го водеше Челзи, а изгледа дека на крајот таа ќе му се исполни.

Роуз поради повреда оваа сезона се уште на запиша настап во дресот на тимот од Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…