Манчестер Јунајтед повторно започнал преговори за привлекување на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед готово сигурно на крајот на сезоната ќе се раздели со Пол Погба, па „црвените ѓаволи“ веќе бараат замена за Французинот.
Прв избор е 25-годишниот Србин кој одигра уште една фантастична сезона за Лацио и е спремен да ја пормени средината.
Минатото лето римскиот клуб одби понуда од 90 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ се надеваат дека сега поради финансиската криза Лацио ќе прифати и помала сума.