Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Јунајтед – Аталанта: Ќе гледаме ли ефикасен дуел?

Манчестер Јунајтед – Аталанта: Ќе гледаме ли ефикасен дуел?

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да се врати по низата разочарувачки резултати и тоа против Аталанта во Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“.

Домаќините претрпеа уште еден пораз во Премиер лигата против Лестер викендов, а во Лигата на Шампиони се наоѓаат само на третото место во групата Ф, додека нивните претстојни противници се први во групата и доаѓаат во мечот по победата против Емполи во Серија А.

Солскjер на стаклени нозе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ја продолжи својата тенденција под водство на Оле Гунар Солскjер да биде тотално непредвидлива екипа од еден во друг натпревар. Тешко е да се предвидат нивните резултати дури и сезонава, кога во тимот се наоѓа името на Роналдо.

Силниот почеток на сезоната сега е скоро заборавен, бидејќи „црвените ѓаволи“ освоија само еден бод од последните три натпревари во Премиер лигата. Бодот дојде по ремито 1:1 со Евертон, помеѓу поразот дома од Астон Вила и поразот во саботата од Лестер со 4:2.

Мејсон Гринвуд и донесе водство на својата екипа на стадионот „Кинг Пауер“, но потоа Лестер се разигра, а Манчестер немаше решение за нивната одлична игра. Притисокот се зголемува врз Солскјер и покрај официјалните изјави за поддршка од одборот на тимот, и тој ќе биде очаен да извојува победа во среда.

Оваа сезона започна лошо за нив со шокантен пораз од 2:1 од Јанг Бојс, но Јунајтед успеа да победи против Виљареал, со голот на Кристијано Роналдо во 95-та минута.

Аталанта ќе нападне

Аталанта можеби започна силно во Европа, но нивната форма во Серија А беше малку разнишана.

Откако заврши на третото место во претходните три сезони, Аталанта сезонава игра послабо, губејќи два од првите седум натпревари и извојувајќи само три тесни победи против тимовите што требаше удобно да ги победи.

Викендов тие постигнаа поубедлива победа на гостувањето кај Емполи со 1:4 и конечно заличија на екипата од предходните сезони. Сега тимот на Гасперини се искачи на шестото место.

Гасперини сигурно ќе му посочи на својот тим дека победата тука ќе ги стави во завидна позиција за вториот сет натпревари од групната фаза и дека Олд Трафорд не е тврдина каква што беше до пред неколку сезони. Нема сомнеж дека Аталанта ќе игра офанзивно, впрочем, тие не знаат да играат поинаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…