Дома Трансфер зона Манчестер Сити понудил 12 милиони евра за 16-годишен Хрват, Хајдук бара три повеќе

Манчестер Сити понудил 12 милиони евра за 16-годишен Хрват, Хајдук бара три повеќе

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека Манчестер Сити и ПСЖ се сериозно заинтересирани за хрватскиот 16-годишен талент Лука Вушковиќ.

Во објавата Романо истакнува дека ПСЖ иако покажал интерес би можел да се откаже од големиот хрватски талент, но следеле друг млад Хрват, сепак не открива за кого станува збор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фаворит во овој момент за потписот на Вушковиќ е Манчестер Сити кој веќе испратил официјална понуда 12 милиони евра, се споменува и уште еден англиски клуб, но и неговото име не се открива.

Вушковиќ за првиот тим на Хајдук дебитираше на „Максимир“ во тешкиот пораз од Динамо од 0:4. Тренерот Иван Леко му даде шанса и во наредните четири натпревари против Локомотива, Осијек, Славен Белупо и Шибеник.

Хајдук за неговите услуги бара 15 милиони евра и ако ја добие таа сума тоа Вушковиќ ќе стане најскапиот продаден играч на клубот од Сплит. Рекордот досега го држи Никола Власиќ со 10.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…