Истражувањата покажаа дека во англискита Премие лига најмногу се троши на трансфери, дури 291 милиони евра во просек, многу повеќе отколку во шпанската Примара (131), италијанската Серија А (124) и германската Бундес лига (113).
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити со 878 милиони евра го има најскапиот тим во историјата објави Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањето го направи организација од Швајцарија која покажа дека во екипата на Пеп Гвардиола е вложено најмногу, дури повеќе и од Пари Сен Жермен кој минатото лето за сума од 222 милиони евра го доведе Нејмар. ПСЖ вреди 805 милиони.
На третото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со 747 милиони, пред Барселона (725 милиони), додека во топ 10 уште се Челси (592), Реал Мадрид (497), Јувентус (472), Ливерпул (461), Баерн (448) и Арсенал (403).