Дома Трансфер зона Манчестер изгледа ќе мора да избира: Ако Мурињо остане тројца заминуваат!

Манчестер изгледа ќе мора да избира: Ако Мурињо остане тројца заминуваат!

Ситуацијата во Манчестер не е добра и тоа е јасно.

Жозе Мурињо зад себе во Манчестер има неколку клупски легенди кои го поддржуваат неговото останување. Но тоа веројатно не е главната причина поради која Мурињо се уште е тренер на Манчестер Јунајтед, тој има голем голем договор. Негов отказ би значел тежок удар за касата на „црвените ѓаволи“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од друга страна имаме фудбалери кои се незадоволни од неговата работа, иако тоа не го потврдуваат во медиумите.

Јасно е дека првиот е Пол Погба кој е критикуван од легендите кои го бранат Мурињо, а Пол Инс го нарече дури и „идиот“.

Погба немаше добри односи со Мурињо оваа сезона. Доволно е да се сетиме на оној негов поглед од тренингот.

Вториот незадоволен е Алексис Санчез кој во овој момент е повреден, тој не е е задоволен од тоа што е резервна опција, Мурињо смета дека не е во добра форма.

Слична е ситуацијата и со Лукаку, тој трпеше критики, а од октомври не е стартер, го немаше и во натпреварот против Арсенал. Лукаку има проблем со реализацијата, но негово заминување во јануари е речиси невозможно поради големиот договор.

Значи, Лукаку, Санчез и Погба сакаат да заминат доколку Мурињо остане. Сепак, такво нешто веројатно е да се случи на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…