Милан минатата година го доведе Факијо Томори од Челзи и тој трансфер се покажа како вистински погодок за „росонерите“ бидејќи се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини сега е заинтересиран за уште еден дефанзивец на Челзи, а станува збор за Андреас Кристенсен.




Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.




Милан сака да ја искористи таквата ситуација, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи дефанзивецот е на мета на многу европски гиганти.




Наводно неговиот сонародник Симон Кјаер веќе почнал да го убедува Кристенсен да ја прифати понудата на Милан.