Maкедонскиот тренер, Тане Спасев кој ја води екипата на Легија Варшава имаше непријатно искуство на гости кај финскиот тим Катаја.
Тимот на Спасев прво изгуби со 112:105, а потоа на прес-конференцијата се случуваше вистински циркус. Спикерот прво го погреши мето на Спасев, потоа го згреши и името неговиот играч, за на крајот во вториот обид да го нарече асистент-тренер. Тоа го налути нашиот тренер кој тргна да си оди од салата, меѓутоа сепак по повикот од новинарите остана и ја одработи прес-конференцијата.
What is the name of the coach?
— Emiliano Carchia (@Carchia) November 14, 2019
But he is the head coach or the assistant coach?
And what is the name of the player, Michael or Filip?
The guy who introduce the post game press conference after Kataja vs Legia Warszawa had some big issues… pic.twitter.com/XXYuJSY30e