Дома Останати Македонските одбојкари се пласираа во завршницата од Европската лига

Македонските одбојкари се пласираа во завршницата од Европската лига

Македонските одбојкари изборија пласман на завршниот турнир во Европската лига.

Македонија во првото коло, на вториот турнир кој во петокот започна во Тирана, славеше над Шведска со 3:0 (25:16, 25:22, 32:30). Со оглед на тоа дека минатата недела во Скопје одбојкарите победија на трите натпревари и со првиот триумф во Тирана тие веќе се пласираа на завршниот турнир.

Македонија во изминатите две години на завршните турнир во Европската лига играше во финалето, но не успеа да го освои ова натпреварување.

Одбојкарите в сабота ќе играат против Азербејџан, а в недела против домаќинот Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

По селекцијата во Битола, младите џудисти одат по балкански медали во Сараево

Македонската селекција до 12 години ќе се натпреварува на Балканското првенство на 24 и 25…