Дома Македонски спорт Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!

Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!

Вчера Македонија ја запиша првата историска победа на едно Европско првенство ракомет, а како вистински капитен нашата репрезентација беше предводена од Никола Ѓоѓиев.

Ѓорѓиев против Белорусија во победата од 3:1 во сетови запиша неверојатни 37 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погледнете како ечеше „Бисер Балкански“ во автобусот по натпреварот – тука.

Тој буквално го разби противникот, а неговата игра не остана незабележана и од Европската одбројкарска Федерација (ЦЕВ) која го прогласи Ѓорѓиев за играч на денот на ЕП.

Македонскиот капитен е избран за најдобар во групата Ц, зад него следуваа грчкиот репрезентативец Анастасис Протопасалтис освои 16 поени и Вилфредо Леон со 15 поени, ама кога ќе се собере овие двајца и заедно немаа поени колку нашиот Ѓорѓиев.

„Историјата е испишана за Македонија со првата победа на ЕП. Првиот сет го добија Белорусите, а потоа направија пресврт и победија со 3:1 во сетови. Во победата свое шоу имаше еден човек – капитенот Никола Ѓорѓиев. Имаше неверојатни 37 поени и го разби противникот со својот сервис и напад“, стои во описот на ЦЕВ за капитенот.

После вчерашниот натпревар своја изјава даде и Ѓорѓиев.

„Ова беше најважниот меч за нас во историјата – го добивме. Многу сум среќен, ова е моја репрезентација, оваа е мој тим, затоа бев многу тажен по мечевите кои ги загубивме, знаев дека можеме многу подобро. Можеби тоа што се зборуваше дека ова е историја ни создаваше некоја тежина, можеби целата оваа атмосфера околу нас беше причина за поразите, потребно беше да одиграме три натпревари, да имаме ден одмор и потоа да покажеме што можеме. Ова е голема, величествена победа. Овие момци имаат срце како планина“, изјави Ѓорѓиев.

Денес од 17:30 македонската репрезентација игра против Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…