Екипите на Македонија ЃП и Академија Пандев ќе играат во финалето на националниот фудбалски куп по победите во денешните реванш дуели од полуфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот од Ѓорче Петров славеше со 1-0 над Беласица со автоголот на Џонов во второто полувреме и тоа беше доволно за пласман во финалето.
Академија Пандев оствари триумф над Победа од 3-1 во Кавадарци. Каланоски отвори за прилепскиот тим уште на стартот од мечот, но во вториот дел струмичани преку Дориев, Велинов и Стојковски дојдоадо пресврт и конечен триумф.
За Македонија ЃП ова е трето финале, и тие по една деценија одново ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија, додека „пандевци“ова ќе биде прво финале во Купот.