Дома Фудбал Останато Македонија може да го испрати Манчини во Манчестер Јунајтед!

Македонија може да го испрати Манчини во Манчестер Јунајтед!

Ралф Рагник седна на клупата на Манчестер Јунајтед, но Германецот е само привремено решение.

Договорот со Рагник е да го води тимот до крајот на сезоната, а потоа да остане во Јунајтед како консултант. Британски „Телеграф“ најавува дека во Јунајтед размислуваат за доведување на Роберто Манчини.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Манчини од 2018 година беше италијански селектор, а оваа година со Италија го освои Европското првенство. На Италија пласманот на Светското првенство не и е сигурен, мораат да играат бараж во кој во полуфиналето ќе се сретнат со нашата репрезентација. Така во случај Македонија да ја елиминира Италија може да го испрати Манчини во Манчестер Јунајтед.

Тренерската кариера Манчини ја започна во Лацио во 2000 година. Подоцна во Италија ги водеше Интер и Фиорентина, четири години беше тренер на градскиот ривал Сити и на тој клуб му ја донесе првата титула англиски шампион после 44 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок во Мадрид: Пристигна пред една година како големо засилување и веќе зажалил, сака да замине!

На 12 август минатата година, Хулијан Алваарез стана официјално играч на Атлетико Мадрид, …