По три години поминати во црвено-црниот дрес, Хорхе Македа го напушта Вардар и се сели во екипата на Пик Сегед. Македа освои се што можеше во Вардар, на три пати ја освои двојната домашна круна, два пати стана шампион на СЕХА-лигата и онаа најважната, Европската титула од минатата сезона во Келн. Тој преку својот твитер профил со последна порака се збогува од клубот и навивачите.

 -По 3 години време е да се збогувам со клубот и градот каде што пристигнав со јасна цел. Благодарение на работата и напорите на сите, успеавме да ја оствариме. Никогаш нема да го заборавам тоа. Благодарност до сите навивачи, соиграчи и тренерскиот кадар што успеаа да ме направат подобра личност и подобар играч”

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…