Одличен старт во Мадрид на српскиот тенисер.
Иако ждрепката не му беше наклонета, Ѓоковиќ успеа да го совлада тешкиот противник Кеи Нишикори. Новак славеше во два сета со резултат 7:5 и 6:4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во денешниот натпревар Новак во некои моменти потсети на времето кога беше во најдобра форма.
Од самиот старт можеше да се забележи дека Ѓоковиќ е расположен за играл, чисто ја удираше топката, во еден момент имаше пад на концентрацијата, но брзо се врати. Нишикори попушти во финишот од првиот сет, па Србинот поведе со 1:0.
Нешто слично како и во првиот сет, Ѓоковиќ и вториот го реши во завршницата, па на крајот стигна и до победата. Негов противник во второто коло ќе му биде победникот од мечот помеѓу Данил Медвед и Кајл Едмунд.
Титулата на Мастерсот во Мадрид ја брани Рафаел Надал.