Дома Македонски спорт Мак ракомет ЛШ: По еден од Металург и Вардар во тим на колото, Милосављев повторно има една од најдобрите одбрани

ЛШ: По еден од Металург и Вардар во тим на колото, Милосављев повторно има една од најдобрите одбрани

dibirov milo

Вардар продолжува со одличните настапи во Лигата на шампионите, а тоа е причина и ракометарите на црвено-црните да добиваат место во тимот на колото. Освен од Вардар овој пат место во тимот на колото имаше и за играч на Металург.

Избраниците на Парондо во Скопје ја запишаа четвртата победа во исто толку натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона, победен беше Рајн Некар (29:27). Со оваа победа Вардар остана лидер во групата со максимален број на бодови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На оваа средба за играч на натпреварот беше прогласен Тимур Дибиров кој имаше реализација 8/9, а беше и корисен во одраната.

Металутг беше поразен во натпреварот против Силкеборг. Во поразот на тимот од Автокоманда најдобар беше Халил Јагањац кој постигна 10 погодоци и така се избори за мето помеѓу најдобрите на колото.

ТИМ НА КОЛОТО:

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Халил Јагањац (Металург)

Среден бек – Томас Могенсен (Скјерн)

Десен бек – Магнус Род (Флензбург)

Десно крило – Аркадиус Морито (Кјелце)

Пивотмен – Сењамин Буриќ (ППД Загреб)

Голман – Перез де Варгас (Барселона)

Голманот на Вардар, Дејан Милосвањев повторно бранеше на највисоко ниво, а неговата одбрана во последните минути против Рајн Некар е прогласен за втора во топ 5 на колото.

Одбраната на Милосвањев можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…