Дома Фудбал Италија „Луѓе умираат од глад, а 12 клуба се решиле да прават лига од милијарди само за себе“

„Луѓе умираат од глад, а 12 клуба се решиле да прават лига од милијарди само за себе“

Од неделата вечерта кога беше објавено дека ќе се формира Суперлигата пристигнуваат голем број критики.

Сега критики за основачите на Суперлигата испрати и фудбалерот на Аталанта Робин Госенс.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Низ целиот свет луѓе умираат од глад, а овие 12 клуба се решиле да прават приватна лига со милијарди само за себе. Во фудбалот аутсајдерот има шанси да победи, вака на помалите клубови им се укинува таа шанса. Арсенал и Тотенхем без резултати влегуваат во таа лига и тука се губат темелите на фудбалот. Ова е против се што е фудбалот во неговата суштина. После ова фудбалот никогаш нема да биде ист, сите треба тоа да го сфатат“, изјави Госенс.

Од италијанската Серија А во Суперлигата ќе учествуваат Јувентус, Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…