Дома Фудбал Англија Лук Шо за отказот на Мурињо дознал од неговата девојка додека се туширал

Лук Шо за отказот на Мурињо дознал од неговата девојка додека се туширал

shaw mourinho

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Лук Шо на интересен начин дознал за отказот на Жозе Мурињо.

Шо кој во изминатите две сезони имаше некои проблеми со португалскиот стратег воодушевен со промените кои ги воведе Сослкјер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мислам дека нема потреба да бидете внатре во клубот за да видите колку ги промени работите и тоа за само неколку денови. Тој е навистина позитивен менаџер, знае што е му е потребно на овој тим, знае што сакаат навивачите. Донесе напаѓачки, брз фудбал на „Олд Трафорд“. Сигурен сум дека навивачите ќе ги ценат промените“.

Потоа тој откри како дознал за отказот на Мурињо.

„Ја сакате вистината? Мојата девојка ми кажа! Се разбдуив и отидов да се истуширам. Таа влезе и ми кажа дека Жозе е сменет. Не знаев ништо за тоа, ниту пак гледав вести на телефонот. Дознав на тој начин“, изјави дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…