Дома Фудбал Останато Лука Тони: Кејн е подобар, но Хесус е идеален за Јувентус затоа што му одговара на Роналдо

Лука Тони: Кејн е подобар, но Хесус е идеален за Јувентус затоа што му одговара на Роналдо

Поранешниот италијански напаѓач Лука Тони му предложи на Јувентус да го доведе напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус.

Јувентус во летото кое следи веројатно ќе се обиде да доведе нов напаѓач, а Тони смета дека Бразилецот би бил идеална опција, иако не ги потценува квалитетите на Гонзало Игуаин.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Игуаин секако е еден од најдобрите на својата позиција. Но, ако го споредиме со она време од Наполи многу се промени. Постигнува помалку голови, меѓутоа повеќе помага на тимот“.

Габриел Хесус е брз и технички поткован, знае и да асистира. Од сите кои ќе ги набројам тој е најмалку напаѓач, но сеедно. Тој би бил најдобар партнер на Роналдо бидејќи ниту Роналод не е вистински напаѓач, но постигнува најмногу голови“.

Тони смета дека Хари Кејн е подобар играч од Хесус, меѓутоа според него тој не е партнер за со Роналдо.

„За Кејн сметам дека е најдобар напаѓач под 30 години, но тој не е партнер за со Роналдо. Габриел Хесус го гледам како подобра опција“, смета легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…