После синоќешното деби во италијанскиот фудбал новинарите од Апенините го прашаа белгискиот фудбалер да го спореди тамошниот фудбал со англиската Премиер лига, во која Лукаку играше пред да дојде во Интер.
Новото засилување на Интер после осум сезоно во англискиот фудбал се пресели во Италија. После првиот натпревар добил сосема нова слика за фудбалот на „Чизмата“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Тренинзите се многу, многу тешки. Работевме напорно и во Англија, но овде е многу потешко.“ – изјави новата деветка на Нероаѕурите.
Лукако на ова прашање даде идентичен одговор како и Карлос Тевез и Кристијано Роналдо, кои на истото прашање одговорија дека потешко е да се биде напаѓач во Серија А отколку во Премиер лигата.