Ова сигурно би бил еден од најголемите трансфери во светот на фудбалот.
„Don Balon“ пишува – Хари Кејн е главната цел на „Црвените ѓаволи“ за следното лето. Гол машината од Англија би можела да го напушти Тотенхем во случај уште една сезона да остане без трофеј.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Јунајтед сака да се ослободи од Лукаку, тој постигна само осум гола во Премиер лигата, додека во Лигата на Шампионтие нема постигнато гол. Во првиот состав го загуби своето место поради Рашфорд, 20-годишниот Англичанец преговара околу новиот договор со клубот од каде што и потекнува.
Доаѓањето на Хари Кејн секако би ја испразнило касата, се зборува дека Даниел Леви не сака да го пушти својот главен играч за сума помала од 200 милиони фунти. Доколку овој трансфер се оствари, можеби ќе ни се насмее и нов рекорд во светот на фудбалот.
Останува да видиме дали ова ќе се случи на лето, а првата одлука е секако загарантирана за останување на Солскјер на „Олд Трафорд“.