Дома Фудбал Останато Лукаку вчера испиша историја во Лигата на Европа

Лукаку вчера испиша историја во Лигата на Европа

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку вчера испиша историја во Лигата на Европа.

Интер вчера обезбеди пласман во полуфиналето преку Леверкузен, а Лукаку успеа да се запише во листата на стрелци на оваа средба. Овој натпревар беше деветти во низа на кој Лукаку постигнува во најмасовното клупско натпреварување во Европа.

Ваква серија на голови како Лукаку немал никој уште од 1971 година и тоа е само уште еден доказ за одличната игра која ја прикажува Лукаку во дресот на „нероаѕурите“.

Интер инаку го победи Леверкузен со 2:1 и обезбеди полуфинале, а треба да се спомене дека финале во едно европско натпреварување немаат играно уште од 2010 година кога предводени од Жозе Мурињо станаа шампиони на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот на Швајцарија го објави списокот за гостувањето во Скопје

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација, Мурат Јакин, го објави списокот на иг…