Дома Топ вести Луда сума која не може да се одбие: Обамејанг се сели во Кина!

Луда сума која не може да се одбие: Обамејанг се сели во Кина!

Одговорот ќе го дознаеме најдоцна за десет дена.

ПСЖ имаше договорена работа, но новиот спортски директор, Антеро Енрике не беше убеден во тоа дека Пјер-Емерик Обамејанг е играч за кого вреди да се разбие касата, па преговорите беа завршени. Реал уште претходно процени дека напаѓачот на Габон не е тој, а како Борусија инсистира на надоместот од најмалку 70 милиони евра, се е пореална опцијата дека Обамејанг за големи пари ќе си замине на Далечниот Исток.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Bild“ пишува дека Тијанџин Кванжан, во кого веќе играат Александро Пато и Аксел Витсел, понудил излез, иако трансферот би чинел повеќе од 200 милиони евра.

Под број еден, кинеските власти неодамна поради астрономските суми кои се издаваат за играчи од Европа воведоа пропис по кој секој трансфер поголем од 6 милиони, купувачот ќе мора истата сума да ја уплати и за развој на фудбалот во најнаселената земја во светот. Што на пример Тијанџин за трансферот на Обамејанг ќе мора да издвои дополнителни 70 милиони евра, односно вкупни 140 милиони.

Плус, тука е и годишната плата од 30 милиони евра. Па договорот доколку биде и на две години, веќе стигнавме до 200 милиони. Без данок на платата, што сигрно би се зголемила вкупната сума на најмалку 230 милиони евра.

Доколку договорот биде подолг, а се претпоставува дека тоа е намерата на Тијанџин, ќе порасне и трошокот. И тоа не е се, бидејќи доколку Борусија не се согласи за сума под 70 милиони, не е тајна дека Кинезите ќе се обидат да извлечат и цели 80 милиони.

Се заедно, во некој најлош случај, сето тоа би можело да оди во близина на 300 милиони евра. Всушност, дали Обамејанг е тој играч?

Новиот тренер на Борусија, Петер Бош ја чека одлучата на играчот. Борусија на подготовки оди во САД на 7. јули. Крајниот рок Обамејанг да пресече, бидејќи и на клубот од Дортмунд ќе му треба време да пронајде соодветна замена.

Официјални понуди се уште нема. Но, на „Вестфален“ ги очекуваат следниве денови. Доколку 48-годишниот сопственик на Тијанџин, милијардерот Шу Јухнуј, процени дека Обамејанг сепак не вреди толку пари, изгледа дека репрезентативецот на Габон ќе мора да се помири со останување во Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Необичен трансфер: Јувентус со Даглас Луиз ја купува и – неговата девојка!?

Италијански Јувентус е пред официјализација на трансферот на Даглас Луиз од редовите на Ас…