Фудбалерот на Лацио, Кеита Балде, му задава главоболки на претседателот Клаудио Лотито…
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Младиот фудбалер на клубот од Рим ги одбива сите понуди кои пристигнуваат. Прво одбиен беше Милан кој понуди 25 милиони евра, а сега не сакаше ниту да слушне за Вест Хем и Наполи кои нудеа скоро 30 милиони евра колку и што Лацио бара за неговите услуги.
Лотито го притиска, договорот му истекува наредната сезона, Кеита тренира и не се огласува. Се очекува да пристигне понуда од Интер, но Кеита веројатно нема да ја смени одлуката.
Причината им е добро позната на сите, Јувентус.
Тој се договори со „бјанконерите“ кои се во лоши односи со Лацио, пред се поради приватни причини помеѓу Лотито и директорот на Јувентус, Бепе Марота. Претседателот на Лацио во еден момент дури и испраќаше навреди кон Марота поради физичкиот хендикеп.
Јуве чека, понуди 20 милиони евра и тоа нивна последна понуда, претходно нудеа 15. Лотито одбива, бара 30, но претседателот на Лацио знае да изгуби вакви битки, доволен пример е нашиот Горан Пандев.
На Кеита не му се брза, тој е цврст во својата намера, беше еден од најдобрите фудбалери на Лацио во минатата сезона и е спремен да го чека истекот на својот договор.