Утре се игра големото дерби на шпанскиот фудбал помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на „кралевите“, Јулиен Лопетеги е под жестоки критики на медиумите поради тоа што Реал минува низ една од најголемите кризи во својата историја.
Многумина сметаат дека Лопетеги ќе биде отпуштен после овој натпревар, но стратегот на „кралевите“ не се предава.
„Мораме да бидеме добри во недела. Прво и основно, фокусиран сум на фудбалот. Мораме добро да се браниме, но и одлично да напаѓаме“.
„Не мислам дека ќе умрам, постои живот и после „Ел Класико“. Ќе бидеме фокусирани, треба првенствено да мислиме на себе. Знаеме против кого играме и мораме да ги искористиме сите квалитети кои ги поседуваме“, изјави Лопетеги.
Играчите повеќе пати му искажаа поддршка.
„Очигледно дека тоа ми помага. Им верувам, но и тие мене. Се што можеме сега е да ги обележуваме добрите моменти. Работиме напорно и тешко, сакаме да им покажеме на навивачите што знаеме“, заврши стратегот на Реал.