Шпанските и светскит медиуми се убедени дека Јулен Лопетеги сигурно ќе добие отказ од кормилото на Реал Мадрид после поразот во Ел Класико.
И додека се чекаат официјални вести од раководството, Лопетеги денес нормално го одработи тренингот со фудбалерите во тренинг центарот Валдебебас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Никој од раководството на „кралскиот“ клуб немал контакт со тренерот после поразот од Барселона, тврди доброинформираната „Марка“. Меѓутоа, се очекува ова да е последен тренинг на Лопетеги како тренер на Реал Мадрид.
Во среда Реал игра во Купот против Мелија и според шпанските медиуми на клупата за тој меч ќе седи Сантиаго Солари. Се очекува до крајот на денот и официјално да му биде врачен отказ на Лопетеги.
Медиумите во Шпанија се готово сигурни дека Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.