Дома Фудбал Ловрен со порака за Сала: Емилијано, на подобро место си…(ФОТО)

Ловрен со порака за Сала: Емилијано, на подобро место си…(ФОТО)

Полицијата вчера ни ги згасна и последните надежи со потврдата дека телото извлечено од авионот е Емилијано Сала.

„Телото кое стигна денес и официјално е идентификувано дека е фудбалерот Емилијано Сала“, објави полицијата вчеравечер.

Еден од фудбалерите кои испратија порака после објавувањето на трагичната вест беше Дејан Ловрен.

„Се молев секој ден бидејќи надежта последна умира. Ужасно е ова да се прифати. Изразувам сочуство на твото семејство, не можам да замислам колку е тоа тешко. Сите сме со вас! На подобро место си, Емилијано. Почивај во мир“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заниоло го напушти кампот на Италија: „Не беше лесно, почитувајте ја мојата приватност“

Николо Заниоло објасни дека одлуката да се повлече од репрезентативниот собир е исклучиво …