Мохамед Салах го привлече вниманието откако на сите кои се нашле таму кога тој бил на една бензинска пумпа им ги платил сметките за гориво.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој гест на Салах секако наиде на многу позитивни коментари и одобрување од јавноста. Интересен беше коментарот на Дејан Ловрен.
„Слушнав дека Мо Салах ги платил сметките за горива на сите на бензинска пумпа. Тоа е навистина одлично. Па, може ли некогаш и мене да ми платиш барем едно кафе? Обично си „скржавец“ и изненаден сум, но секоја чест“, гласи пораката на Ловрен.
Ловрен и Салах инаку се подготвуваат за рестартот на Премиер лигата, а на 21 јуни ги чека градското дерби со Евертон.