Спортскиот директор на минхески Баерн, Хасан Салихамиџиќ ќе има голем испит наредното лето.
Гигантот од Минхен во зимскиот преоден рок нема да биде премногу активен, но затоа на лето се очекува да следува голема реконструкција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку играчи ќе го напуштат редовите на германскиот шампион, а помеѓу нив се Арјен Робен и Франк Рибери, а германскиот магазин „Кикер“ ги откри имињата на петмина кандидати кои се кандидати да го засилат Баерн во нападот.
Лука Јовиќ (Ајнтрахт), Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд), Тимо Вернер (Лајпциг), Набил Фекир (Лион) и Торган Азар (Менхенгладбах) се играчите со кои ќе бидат направени разговори во наредниот период.
Ова значи дека не чека интересно лето во Минхен.