Дома Фудбал Италија Липи за Роналдо: Дојде на место каде што никој не е поголем од соблекувалната

Липи за Роналдо: Дојде на место каде што никој не е поголем од соблекувалната

lipi ronaldo

Maрчело Липи кој се враќа од Кина би можел повторно да работи во Јувентус како дел од управата, но засега тоа се само гласини.

Искусниот италијански стратег сега зборуваше за трансферот на Роналдо во Јувентус за кој смета дека полн погодок за Португалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го избра вистинскиот момент, пред три години би имал многу помалку почит. Вака се се поклопи, дојде во голем клуб, таму каде што никој не е поголем од соблекувалната, ова неговиот најдобар избор во кариерата“, изјави Липи.

Потоа Италијанецот зборуваше и за Масимилијано Алегри.

„Алегри е вистинскиот тренер за него. Ме потсетува на мене, знае тој тимски дух да го пренесе на играчите. Тоа што се случи со Игуаин, сега се случува со Роналдо. Од индивидуалец на кој во главата му беа само головите, направи лидер кој неуморно работи за тимот“, додаде Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…