Дома Трансфер зона Лион испрати понуда за дефанзивец на Интер

Лион испрати понуда за дефанзивец на Интер

Лион е заинтересиран за левиот бек на Интер, Далберт и испратил понуда од 18 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Двата клуба во моментов водат преговори за Бразилецот, а со оглед на фактот што „нероаѕурите“ бараат 20 милиони евра за неговиот потпис, се верува дека двете страни брзо ќе стигнат до договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ќе треба да и даде дел од трансферната сума на Ница, од каде што го купија Далберт во 2017 година. Меѓутоа, Бразилецот не се снајде на „Сан Сиро“ и до сега одигра само 24 меча во сите турнири.

Лион неодамна го продаде Менди во Реал Мадрид за 50 милиони евра и во Далберт гледа идеална замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…