Дома Фудбал Останато Линекер за Роналдо и Меси: Нема дилеми, се знае кој е најдобар на сите времиња

Линекер за Роналдо и Меси: Нема дилеми, се знае кој е најдобар на сите времиња

Англиската фудбалска легенда Гери Линекер има јасен став на дебатата кој е подобар фудбалер – Меси или Роналдо.

Поранешниот играч на Лестер, Евертон, Барселона и Тотенхем смета дека тука не треба да се зборува многу, за него Меси е најдобар во историјата. Интересно е што Линекер отворено кажа дека е фан на Роналдо, но го издвои Аргентинецот за најдобар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Често пати луѓето своето мислење го даваат на основа на тоа дали се фанови на Барселона, Реал, Јувентус или некој друг. Јас сум голем фан на Роналдо. Сепак, кога се зборува за најдобриот на сите времиња треба да се биде искрен и да се каже дека тоа е Меси. Барселона без Меси би била во голем хаос. Денес е реткост еден играч да остане толку долго во клубот како Меси во Барселона“, изјави Линекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…